Иранската војска ги предупреди американските сили да не влегуваат во Ормускиот Теснец, откако американскиот претседател, Доналд Трамп, најави операција за помош на бродовите блокирани во Заливот.
Техеран порача дека секое приближување на странска војска, особено американска, ќе биде нападнато и дека пловидбата низ теснецот мора да биде координирана со иранските вооружени сили.
Според меѓународните поморски власти, стотици бродови и до 20.000 морнари се блокирани во регионот, додека кризата продолжува да го нарушува глобалниот енергетски пазар.







