[ВИДЕО] Владата ја турка државата во финансиска бездна со нови задолжувања, рече Кузеска од СДСМ

Макфакс

03/05/2026

12:13

106

Големина на фонт

а а а

СДСМ обвини дека Владата за првите три месеци од годинава ја задолжила државата за нови 700 милиони евра, оценувајќи дека земјата се турка во „финансиска бездна“.

На прес-конференција, портпаролката на партијата Богданка Кузеска изјави дека за две години јавниот долг е зголемен за 2,3 милијарди евра и сега изнесува 10 милијарди и 774 милиони евра.

Според СДСМ, станува збор за нето задолжување, односно нов долг по одбивање на веќе вратените обврски.

Од партијата тврдат дека и покрај задолжувањата нема зголемување на платите, мерки против поскапувањата ниту поддршка за граѓаните.

СДСМ посочи и дека буџетскиот дефицит за првите три месеци изнесува 408 милиони евра, што според нив е доказ за лошо управување со јавните финансии.