Зеленски воведе санкции против поранешниот шеф на кабинетот: Му замрзна имот и одзеде одликувања

Макфакс

03/05/2026

08:40

247

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Володимир Зеленски воведе 10-годишни санкции против својот поранешен шеф на кабинетот Андриј Бохдан.

Мерките вклучуваат одземање државни одликувања, замрзнување имот, забрана за комерцијални трансакции и изнесување капитал од државата.

Официјалната причина за санкциите не е објавена.

Бохдан на Фејсбук навести дека потегот можеби е поврзан со медиумски извештаи за наводна корупција поврзана со Зеленски и неговата сопруга Олена Зеленска.

Според медиумите, покрај Бохдан, санкционирани се уште четири лица.