Променливо облачно со претпладневен дожд, попладне разведрување

Нетпрес

03/05/2026

08:23

206

Големина на фонт

а а а

Во недела на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време, претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец (наместа над 60 km/h).

Утринските температура се движи меѓу 1 и 5, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот од 10 до 20 Целзиусови степени.


И во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има слаб локален дожд. Во текот на денот облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 19 степени.


Во понеделник утрото ќе биде ведро и постудено, а преку денот сончево. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и топло време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Кон крајот на следната седмица се очекуваат повремени локални врнежи од дожд.