Норвешкиот министер за одбрана: Русија нема шанси против НАТО

Макфакс

03/05/2026

08:22

185

Големина на фонт

а а а

Русија не би имала никакви шанси во директен судир со НАТО, изјави норвешкиот министер за одбрана Торе О. Сандвик, оценувајќи дека Алијансата има јасна воена предност, особено во воздух.

Тој посочи дека НАТО брзо би воспоставил целосна контрола врз воздушниот простор благодарение на напредните борбени авиони и интегрираните операции меѓу воздухопловните, поморските и кибер-капацитетите.

Сандвик додаде дека Русија е значително ослабена од војната во Украина и дека нејзините копнени сили претрпеле тешки загуби.

Сепак, тој предупреди дека Европа мора да ги зголеми инвестициите во одбраната и да ја засили воената индустрија за да ја одржи долгорочната безбедност и да продолжи со поддршката за Украина.