САД до европските сојузници: Очекувајте доцнење на испораките на оружје

Макфакс

02/05/2026

09:25

256

Големина на фонт

а а а

САД ги предупредиле европските сојузници дека треба да очекуваат значителни доцнења во испораките на американско оружје, бидејќи војната против Иран ги исцрпува залихите, објави „Фајненшл тајмс“.

Предупредувањето се однесува на земји како Велика Британија, Полска, Литванија и Естонија, а според претходни информации, дел од веќе договорените испораки веројатно ќе бидат одложени.

Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент одобри продажба на воена опрема вредна повеќе од 8,6 милијарди долари за Израел, Катар, Кувајт и Обединетите Арапски Емирати.

Администрацијата на Доналд Трамп ја одобри продажбата без редовна конгресна ревизија, повикувајќи се на итна состојба.