Дини го избра тимот на колото во Премиер лигата, четири екипи имаат по двајца играчи

Дерби

28/04/2026

16:12

175

Големина на фонт

а а а

Зад нас е 34. коло во Премиер лигата, рунда по која одново го имаме Арсенал како лидер на табелата, додека трите екипи кои водат жестока борба за опстанок забележаа победи.

Ќе биде доста напнато, возбудливо во завршните четири рунди кои се на програмата во месец мај, а во меѓувреме го имаме тимот на неделата во избор на Трој Дини.

Некогашниот напаѓач за „Би-Би-Си“ ги избра најдобрите единаесет и она што е највпечатливо е дека четири екипи се застапаени со по двајца играчи и тоа Фулам, Вест Хем, Ливерпул и Тотенхем.

На тие осум се додадени дефанзивеците Мегваер и Инкапие, плус напаѓачот на „шумарите“, Игор Жезус.