Манчестер Јунајтед повторно нема добра сезона кога се во прашање трофеите, но ќе ја оствари основната цел и наредната година повторно ќе го гледаме во Лигата на шампионите.
За тоа најголеми заслуги има Бруно Фернандеш кој игра уште една фантастична кампања во која може и да испише историја, да стане играчот со најмногу асистенции во една сезона, рекорд кој сега го држат Тјери Анри и Кевин Де Брујне.
Португалецот има и 8 гола зад своето име и дефинитивно е еден од главните кандидат за играч на сезоната во ПЛ, но Џеси Лингард отиде и чекор подалеку порачувајќи дека Бруно мора да биде меѓу фаворитите и за Златната топка.
- Неговите настапи во Манчестер Јунајтед оваа сезона беа извонредни. Тој мора да биде на врвот. Тој секогаш сакаше да го види најдоброто од мене во Јунајтед. Тој секогаш беше човек кој беше таму, на кого секогаш можам да се обратам, - вели Џеси кој смета дека Мајкл Карик заслужува да остане на „Олд Трафорд“.
- Може да биде тешко кога доаѓаат различни менаџери, со различни идеи, различен персонал. Но, мислам дека се навистина на вистинскиот пат со Мајкл. Го познавам од моите денови во Јунајтед. Знам како функционира. Момците се снаоѓаат навистина добро под негово водство. Тој ја има таа ДНК на Манчестер Јунајтед во себе. Тој ги знае сите детали на клубот, - истакна офанзивецот кој сега настапува во Бразил.







