ЈП Водовод и канализација – Скопје најави три привремени прекина на водоснабдувањето денеска, сите со почеток во 9 часот.
Поради изведување водоводен приклучок ф80 мм на ул. Дебарца 29, прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на дел од ул. Дебарца, дел од ул.Владимир Полежиновски и дел од ул. Стефан Јакимов-Дедов.
Водата ќе биде сопрена во 9 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањето на техничкиот зафат.
Поради реконструкција на водоводна мрежа ф-300 мм на раскрсницата на улиците Париска и Хелсинки, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Париска, дел од Варшавска и дел од ул. Хелсинки, вклучително и средното училиште „Георги Димитров“.
Водата ќе биде сопрена во 9 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањето на работите.
Поради технички зафат за отстранување дефект на затворач ф-400 мм на ул. Бутелска бб (поранешна последна постојка на 57-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Бутелска и дел од населба Бутел 1.
Водата ќе биде сопрена во 9 часот, а повторно ќе биде пуштена по завршувањето на работниот зафат.







