[ФОТО] Центар го одбележа роденденот на Горан Стефановски

Макфакс

27/04/2026

20:22

158

Големина на фонт

а а а

Општина Центар го одбележа роденденот на големиот македонски драмски автор Горан Стефановски, враќајќи го за миг неговиот дух и присуство во Дебар Маало.

Настанот се одржа кај спомен-клупата посветена на бардот, а домаќин беше неговиот син Игор Стефановски, кој заедно со пријателите и блиските сподели спомени, сеќавања и анегдоти од животот на познатиот дебармаалец.


На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

„Горан Стефановски е дел од нашето секојдневие, од јазикот, од мислата и од начинот на кој гледаме на светот. Со ваквите настани му оддаваме почит и го чуваме неговиот збор“, порача Герасимовски.


Во рамки на програмата, хорот „Мирче Ацев“ изведе неколку песни, омилени на Стефановски, настап имаше и џез формацијата „Трицикл“, а беа изведени и актерски монолози од неговите дела. Публиката имаше можност да ги погледне и портретите на Горан Стефановски, дело на Ненад Рафајловски, додека музичкиот сет на DJ Шурбе ја заокружи вечерта.

Општина Центар го чествува Горан Стефановски преку низа културни настани и активности посветени на неговиот лик и дело.