Скопје повторно живее за книгата. Новото издание на Саем на книга Скопје 2026 донесе голема посетеност, позитивна енергија и љубители на пишаниот збор од сите генерации.
Оваа година, под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“, Арена Борис Трајковски се претвори во центар каде што литературата и културата се спојуваат на едно место. Посетителите имаат можност да уживаат во повеќе од 130 промоции на книги и средби со автори, како и во богатата понуда од над 60 издавачки куќи.
Саемот и оваа година предизвика особен интерес кај младите, кои во голем број ги посетуваат штандовите и активно учествуваат во настаните.
Остануваат уште два дена до затворањето. Работното време е од 10 до 20 часот.
📸 Фото: Атмосфера од саемските денови











