Силен прв квартал за НЛБ Банка: Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

Точка

27/04/2026

16:13

110

Големина на фонт

а а а

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година.

Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратегијата 2030“, оперативната ефективност и засилените продажни активности, но и ефикасното управување со ризиците и унапредување на корисничкото искуство, во првиот квартал од годината, НЛБ Банка забележа раст во сите сегменти од деловното работење.

Во анализираниот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 732,2 милиони МКД, а вкупната актива на Банката достигна 154,3 милијарди МКД, што претставува годишен раст од 21,7%.

Потврдувајќи ја својата улога на активен финансиер на реалната економија, НЛБ Банка ги зголеми кредитите кон небанкарскиот сектор на 104,7 милијарди МКД, што претставува годишен раст од 21,8%. Истовремено, потврда за големата доверба на депонентите е и зголемувањето на депозитната база на Банката на годишно ниво за 15,8%, при што депозитите на комитенти достигнаа 116,6 милијарди МКД.

Иновации, одржливост и раст фокусиран на клиентите

Како еден од двигателите на иновации во банкарскиот сектор во земјата, НЛБ Банка во првиот квартал од 2026 година, направи динамичен исчекор преку активности насочени кон одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство.

Во март годинава, НЛБ Банка обезбеди 30 милиони евра од ЕБОР од Рамката за финансирање поврзана со зелени резултати на Западен Балкан (WB GOLD), позиционирајќи се како носител на првиот, и до сега најголем кредит во земјата за поддршка на зелената транзиција на бизнис секторот.

Фокусот кон идните генерации и нивната финансиска независност беше заокружен со лансирањето на пакетот за млади „NLB Next“.

Истовремено продолжи и модернизацијата на експозитурите како дел од проектот за трансформација на деловната мрежа на Банката, во рамките на кој беше отворена нова, современа експозитура во центарот на Скопје.

Активностите беа надополнети и со низа општествено одговорни иницијативи во насока на поддршка на спортот, културата и образованието.

Награди и признанија

Во првиот квартал, НЛБ Банка доби две престижни признанија - по осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и за првпат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа според критериумите на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон. Признанијата се потврда за извонредните перформанси и отпорноста, иновациите и трансформативната улога на Банката кон дигиталните технологии и вештачката интелигенција, како и обликувањето на иднината на банкарството во земјата и споменатиот регион.

Трансформацијата како двигател кон „Стратегијата 2030“

НЛБ Банка и натаму ќе продолжи да биде поддршка на населението и бизнис секторот во земјата, давајќи притоа значаен придонес во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Годинава, а во рамки на „Стратегијата 2030“, Банката ќе реализира повеќе стратешки иницијативи поврзани со дигитално вклучување на правните лица, дигитализација на дополнителни кредитни продукти за домаќинствата, инстант плаќањата, надградба на платформата за Контакт-центарот и имплементација на вештачка интелигенција. Во 2026 година, продолжуваат следните фази од трансформација на деловната мрежа на Банката, активностите од стратегијата за транзиција во управувањето со готовината, програмата за луѓе, таленти и организациска култура, но и вложувања во заедницата преку активности за поддршка на спортот, културата, образованието и ранливите категории граѓани.