Под слоганот „Желбите не одат во пензија“, Шпаркасе Банка воведува промотивни услови за потрошувачки кредит наменет за пензионери, со цел да обезбеди дополнителна финансиска поддршка и поголема сигурност во секојдневното планирање.
Потрошувачкиот кредит за пензионери е со максимален износ до 1.500.000 денари и рок на отплата до 95 месеци, фиксна каматна стапка за целиот период на отплата, без трошоци за апликација и административни надоместоци. Кредитот е наменет за различни животни потреби, обезбедувајќи сигурност и флексибилност во секојдневието – од уредување и реновирање на домот, грижа за здравјето, патувања, до поддршка на најблиските и учество во значајни семејни моменти и прослави. Дополнителна вредност носи и опцијата „Рати по твој избор“, што им овозможува на клиентите поголема контрола врз месечниот буџет и врз динамиката на отплата, преку можноста за приспособување на висината на месечните рати според индивидуалните потреби на клиентите.

„Во Шпаркасе Банка веруваме дека финансиските решенија треба да го следат животниот стил на клиентите, без оглед на возраста. Со оваа понуда сакаме да им дадеме поддршка на пензионерите да ги реализираат своите планови – без компромис, со сигурност и спокој знаејќи дека имаат стабилен и доверлив финансиски партнер“, изјави Ивана Петревска, директорка на дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.
Шпаркасе Банка продолжува да развива производи што одговараат на реалните потреби на клиентите и, најново, ја претставува унапредената понуда на потрошувачки кредит наменет за пензионери – со фокус на сигурност, флексибилност и финансиска независност.
Повеќе информации се достапни на www.sparkasse.mk, во Сервисниот центар на тел. 02 15 050 или во најблиската експозитура на Банката.
Комерцијален текст











