Планот на Алкараз – Двомесечна пауза и враќање во Квинс

Макфакс

27/04/2026

10:04

194

Големина на фонт

а а а

Два месеци пауза и враќање во Квинс, главната проба за Вимблдон. Тоа е планот на Карлос Алкараз откако одлучи да не игра на Ролан Гарос.

Поради повреда, вториот тенисер во светот нема да ја брани титулата што ја освои минатата сезона, кога беше подобар од Јаник Синер во финалето.

Како што пишува „АС“, Алкараз ќе отсуствува два месеци, Шпанецот има повреда на тетивата.

„Целта е да биде подготвен за Квинс и да играм на Вимблдон. Повредена е тетивата (воспаление), за среќа нема раптура. Карлос е расположен, уверен е дека ќе се врати уште посилен. Ќе работи на сè што може, но нема да го користи зглобот за време на рехабилитацијата“.

Минатата сезона на Вимблдон, Алкараз беше поразен во финалето од Јаник Синер.

Рафаел Надал исто така се соочи со речиси идентична повреда, додека Хуан Мартин Дел Потро и Доминик Тим се мачеа со оваа повреда во текот на нивните кариери.