МВР со детали за пожарот во Карпош, пеплосани се две возила

Макфакс

26/04/2026

13:17

695

Големина на фонт

а а а

Две патнички возила целосно изгореа утринава во скопската населба Карпош, а од пожарот е оштетен и семафор, информираат од Министерството за внатрешни работи, додека истрагата за причините е во тек.

Според официјалните информации, на 26.04.2026 околу 05:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улиците „Орце Николов“ и „Никола Тесла“ биле опожарени патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (58), како и патничко возило „пежо 307“ со гевгелиски регистарски ознаки, сопственост на К.К. (25). Повредени лица нема.


„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: [ФОТО/ВИДЕО] Ноќеска изгореа две возила во Карпош: Вознемирувачка глетка кај Технолошкиот факултет