Бројот на милијардери во светот брзо расте, но исто така расте и јазот меѓу богатите и сиромашните

Макфакс

23/04/2026

11:55

108

Големина на фонт

а а а

Бројот на милијардери во светот брзо расте, но исто така расте и јазот меѓу богатите и сиромашните

Според анализата на „Најт Франк“, во светот моментално има 3.110 милијардери, а се очекува нивниот број да порасне за 25 проценти во следните пет години, на 3.915, објавува „Гардијан“.

Нивниот број се зголемил од 162.191 во 2021 година на 713.626 денес, што е зголемување од повеќе од 300 проценти, според консултантската компанија.

Лиам Бејли, директор за истражување во таа компанија, изјави дека богатството на милијардерите и милионерите е дополнително забрзано од профитот од технолошкиот сектор, особено во областа на вештачката интелигенција.

„Можноста за проширување на бизнисот никогаш не била поголема. Ова овозможува брзо создавање големи богатства, со силно влијание на технологијата и вештачката интелигенција“, рече тој.

Истражувањата покажуваат дека бројот на милијардери најбрзо ќе расте во богатата со нафта Саудиска Арабија, каде што би можел да се зголеми повеќе од двојно, од 23 во 2026 година на 65 во 2031 година.

Во Полска се очекува и повеќе од двојно зголемување, од 13 на 29 милијардери, додека во Шведска бројот би можел да се зголеми за 81 процент, од 32 на 58.

Во исто време, јазот меѓу најбогатите и најсиромашните во светот продолжува да расте.

Минатата година, извештајот за глобалната нееднаквост покажа дека помалку од 60.000 луѓе – 0,001 процент од светската популација – контролираат три пати повеќе богатство од целата најсиромашна половина од човештвото, пренесува Танјуг.