„Пораката од роденденот на СДС е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство.
Во СДС владеат кланот Заеви и нивниот чирак Филипче, а оние кои не бараат функции туку вредности и принципи остануваат на маргините.
Зоран Заев е синоним на криминалот, корупцијата и предавството на националните интереси на државата. Венко Филипче како негов следбеник и лојалист јасно покажа дека ништо не научиле и дека немаат намера да се променат.
Филипче и истите стари структури лојалисти на Заев продолжуваат по старата шема на заштита на криминалот на поединци наместо промени, катарза и заштита на интересите на членството и државата.
Наместо самокритика и реформи во партијата, Филипче покажа дека е послушник на Заев и интересите на кланот Заеви. Без расчистување со старите структури лојални на Заев нема нов СДС, а без одговорност СДС не заслужува доверба од народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.







