Советниците на Трамп веруваат дека Иран не ги продолжува преговорите поради поделба во врвот на власта

Макфакс

22/04/2026

13:00

157

Големина на фонт

а а а

Главните советници на американскиот претседател Доналд Трамп веруваат дека поделбата во сегашното раководство на Иран е главната причина зошто Техеран не ги продолжува преговорите, објавува CNN, повикувајќи се на три неименувани функционери.

Тие изјавија дека администрацијата на Трамп дошла до заклучок делумно врз основа на извештаите на пакистанските медијатори.

Официјалните лица велат дека дополнителен проблем е што не е јасно дали новиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи, им дава на своите подредени, јасни инструкции, или дали тие мора да работат без конкретни инструкции.

Хамнеи беше ранет на почетокот на војната САД-Израел-Иран и оттогаш не се појави во јавноста.

Еден функционер рече дека и покрај значителните пречки, сè уште е можно американските и иранските преговарачи наскоро да се сретнат, но тоа е многу неизвесно.

Се очекуваше дека американската и иранската делегација ќе ги продолжат мировните преговори во Исламабад вчера, но состанокот не се одржа.

Во Белата куќа се одржа состанок за понатамошните чекори.

Доналд Трамп и неговите соработници одлучија да го продолжат примирјето. Американскиот претседател посочи дека тоа ќе трае до среда навечер, според Си-Ен-Ен.

Американската морнарица продолжува да ги блокира бродовите што влегуваат или излегуваат од иранските пристаништа во Ормускиот теснец.

Иран инсистира САД да ја прекинат блокадата пред нова рунда преговори, што Трамп го отфрла.