Вчера во 11:00 часот во парк во Охрид, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишија од слобода Б.Х.(51) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Подоцна, со наредба од Основен суд Охрид, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка со рамка со 20 куршуми, пиштол „Пиетро Берета“ калибар 7,65 мм со рамка со три куршуми и револвер без сериски број и ознаки.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.







