Електродистрибуција: Кражба на електрична енергија во вредност од над 22.000 евра откриена на Попова Шапка

Макфакс

22/04/2026

08:31

176

Големина на фонт

а а а

Во координација со СВР Тетово, екипите на Електродистрибуција при Корисничкиот енерго центар во Тетово открија неовластено користење на електрична енергија во деловен комплекс на Попова Шапка, извести Електродистрибуција.

„Констатирано е противправно користење на електрична енергија преку кабловски разводен ормар и директно неовластено приклучување со нисконапонски кабел (4×16 mm2)“, велат од Електродистрибуција и додаваат дека се преземени соодвени мерки, како и дека е изготвена фактура за надомест на штета во износ од 1.361.599,00 денари.