„Вреди“: Петмина министри Албанци во правда, но ДУИ го остави албанскиот јазик надвор од правосудниот испит

Макфакс

20/04/2026

08:52

120

Големина на фонт

а а а

Со години, Министерството за правда се менуваше од едно албанско име во друго, но ништо не се промени. Блерим Беџети, Аднан Јашари, Валдет Џафери, Билен Салиу и Кренар Љога, од кои последниот заврши во скутот на Али Ахмети. Пет министри. Пет мандати. Пет можности да се исправи неправдата. И сепак, студентите-албанци останаа без можност да полагаат правосуден испит на албански јазик, велат од „Вреди“.

Документот потпишан од Талат Џафери ја запечатува вистината за исклучувањето на албанскиот јазик од правосудниот испит. Уште полошо, овој закон беше донесен со бадентер, односно со гласовите на пратениците-албанци од тоа време.

Сето ова ја разоткрива ДУИ и нејзината измама до срж. Јавно се преправаат дека се патриоти, во институциите гласаа и потпишуваа против Албанците.

Ова е вистината што ги гори. Не им недостигаа позиции. Не им недостигаа гласови. Не им недостигаше време. Само им недостигаше волја. Бидејќи за ДУИ, Албанецот беше вреден само кога носеше гласови и кога служеше за полнење на џебовите на неговата клик“.