„Храбар и лојален сојузник“: Трамп го фали Израел, а индиректно ги напаѓа другите партнери

Макфакс

19/04/2026

09:12

248

Големина на фонт

а а а

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го пофали Израел како голем сојузник, истовремено критикувајќи други, неименувани земји. Во објава на „Трут Соушл“, тој го опиша Израел како „храбар, одважен, лојален и паметен“ сојузник.

Додаде дека Израел по тоа јасно се разликува од „другите кои во момент на конфликт и притисок го покажаа своето вистинско лице“. Порача и дека Израел „жестоко војува“ и „знае како да победи“.

Иако не наведе конкретна држава, Трамп во повеќе наврати ги напаѓаше традиционалните американски сојузници. Вчера, во објава ја посочи Шпанија, чиј премиер Педро Санчез е меѓу погласните критичари на војната со Иран.

Тој напиша дека „финансиските показатели“ на Шпанија се „апсолутно ужасни“. Трамп претходно остро ја критикуваше и британската војска, како и премиерот Кир Стармер, за кого рече дека „не е Винстон Черчил.