Реконструиран кејот кај Маџир Маало: нови спортски терени и простор за рекреација

Макфакс

18/04/2026

13:52

127

Големина на фонт

а а а

Кејот на Вардар кај Маџир Маало доби нов, современ изглед и повторно се отвора како простор за спорт, рекреација и дружење на граѓаните, информира Град Скопје.

Денеска официјално беа пуштени во употреба реконструираните спортски терени, при што се обновени игралиштата за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и заштитна ограда.

Проектот е дел од пошироката стратегија за уредување и ревитализација на кејот на Вардар, со цел создавање функционален и модерен јавен простор достапен за сите генерации.

Надлежните истакнаа дека вложувањата во спортската инфраструктура се директна инвестиција во здрави млади генерации и поквалитетен урбан живот.

Се потенцира и значењето на институционалната соработка, која овозможува реализација на проекти од значење за граѓаните, со најава дека ова е почеток на нов циклус на развој на јавните простори во градот.