Пронајдена дрога во Струга, лишено од слобода едно лице

Нетпрес

18/04/2026

13:24

207

Големина на фонт

а а а

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера во 17:40 часот на ул,,Нико Нестор“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Е.И.(31) од Штип, со привремен престој во Струга, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес и во просториите каде што престојува, при што, исто така, е пронајдена и одземена марихуана.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.