Неверојатни сцени во Њујорк: Како изгледа потера по криминалец на коњ?

Точка

18/04/2026

13:29

451

Големина на фонт

а а а

Помалку неверојатна и сигурно несекојдневна сцена е забележана на улиците на Њујорк, а многу брзо го „освои интернетот“.

На видео-снимка објавена од „Fox News“ се гледа полицаец од њујоршката полиција кој на коњ прогонува и на крај апси наводен крадец на чанта на Менхетен.

Снимката, направена со камера поставена на телото, го прикажува полицаецот како заедно со коњот галопира низ Апер Вест Сајд. Полицискиот службеник, со помош на сведоци, успеал да го уапси осомничениот и да ја врати чантата.

„Без разлика дали се пеш или на копита, нашите полицајци се секогаш подготвени“, соопштија од њујоршката полиција, во чија служба се наоѓаат околу 35 коњи.