[ВИДЕО] Трамп: Папата вели дека Иран би можел да има нуклеарно оружје; Новинарка: Тој не го кажа тоа

Макфакс

17/04/2026

08:17

193

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за време на разговор со новинарите дека папата Лав XIV ја поддржува идејата дека Иран има нуклеарно оружје, на што новинарот рече дека папата никогаш не го рекол тоа.

„Не се расправам со него. Папата даде изјава дека Иран може да има нуклеарно оружје“, рече Трамп. На што новинарката одговори: „Тој не го кажа тоа“.

Потоа Трамп го повтори својот став: „Велам дека Иран не може да има нуклеарно оружје. И ако Папата ги гледа 42.000 луѓе што беа убиени во последните два или три месеци како невооружени демонстранти… можам да не се согласам со Папата. Имам право да не се согласам со Папата“.