ЛеБрон и Нејмар се дополнителна инспирација за Јамал пред соочувањето со Атлетико

Дерби

14/04/2026

12:34

251

Големина на фонт

а а а

Барселона има тешка, но не и нереална задача да ја надополни негативата од два гола од првиот натпревар со Атлетико Мадрид, а Ламин Јамал треба да биде инспиратор на пресвртот во вкупниот резултат во овој двомеч од четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Младата ѕвезда на Барса на вчерашната прес-конференција зборувала на многу теми, а споменати биле и ЛеБрон Џејмс и Нејмар како дополнителна инспирација за посакуваната гостинска победа.

Јамал ја промени својата профилна фотографија на социјалните мрежи со таа на Џемјс, алудирајќи на пресвртот кој ЛеБрон и неговиот тим го направија во НБА финалето во 2016 година.

– Мислам дека тој е еден од оние кои можат да ни бидат инспирација за овој натпревар, па затоа и го ставив на мојот профил. Ќе размислувам за тоа како успеа да го изведе тој подвиг и се надевам дека и ние можеме да направиме нешто слично, рекол Јамал.

Шпанскиот репрезентативец зборувал и за Нејмар, поранешниот член на Барса, кој бил и негов идол, а беше дел од екипата која успеа да направи подвиг против ПСЖ со победа од 6:1 на домашен терен.

– Го гледав тој натпревар во живо, но и подоцна уште многу пати. Нејмар има важно место во моето детство, ми беше идол и секогаш ќе му бидам благодарен за тоа што му го даде на фудбалот. За него фановите купуваа билет за да видат што ќе направи на теренот, се надевам дека ќе биде дел од СП 2026, – рекол Јамал.