Претставникот на Иран во Обединетите нации (ОН) побара обештетување од земјите за кои тврди дека учествувале во нападите на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел врз таа земја.
Претставникот Амир-Саид Иравани тврди дека Бахреин, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) и Јордан го прекршиле меѓународното право, објавува Гардијан.
Тој рече дека земјите мора „да ја компензираат целосната штета предизвикана на Исламската Република Иран, вклучително и исплатата на обештетување за целата материјална и морална штета предизвикана од нивните меѓународни прекршувања“.
Иравани вчера ја осуди блокадата на иранските пристаништа од страна на САД како „тешко кршење“ на неговиот суверенитет.








