Во име на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, упатени се честитки до Петар Маѓар по повод довербата добиена од граѓаните, како и до партијата Тиса за изборниот резултат во Унгарија.
Од Движењето ЗНАМ изразуваат уверување дека билатералните односи меѓу Македонија и Унгарија ќе продолжат да се развиваат со засилен интензитет и ќе се унапредат на повисоко ниво, врз основа на европските вредности, демократијата и меѓусебната поддршка.
Во соопштението се наведува дека традиционалното пријателство меѓу двете земји претставува цврста основа за натамошно продлабочување на соработката и заеднички придонес кон стабилноста и просперитетот на регионот.








