[ВИДЕО] Oгномет, музика и знамиња: Унгарија ја слави победата на Маѓар

Макфакс

13/04/2026

09:41

293

Големина на фонт

а а а

Будимпешта се претвори во зона на славје по изборниот пораз на Виктор Орбан. Илјадници луѓе танцуваа по улиците, автомобилите свиреа, а поддржувачите на партијата Тиса ја славеа убедливата победа.

Изборите со рекордна излезност од околу 80 проценти ја завршија 16-годишната власт на Орбан.

За многумина, тоа значи враќање кон европскиoт курс.

Покрај Дунав и кај Ланчаниот мост, осветлен во национални бои, десетици илјади луѓе славеа со знамиња на Унгарија и на ЕУ. Дел од нив наздравуваа и го следеа победничкиот говор на Петер Маѓар.

Во градот одекнуваа скандирања „Готово е“, а славје имаше и пред парламентот.

„Конечно чувствуваме дека има надеж“, изјавија граѓани, додавајќи дека со години чекале ваква промена.