Преговорите меѓу Техеран и Вашингтон во Исламабад завршија без да се постигне заедничка рамка и договор, а како причина за неуспехот се наведуваат прекумерните барања од страна на САД, објавија иранските медиуми.


Во главниот град Техеран, беше поставен огромен транспарент на кој пишуваше: „Ормускиот теснец засекогаш е во ирански раце. Трамп не можеше ништо да стори во врска со тоа, а трајната контрола врз теснецот ќе остане наша“.








