[ВИДЕО] Навивачите на „Сан Сиро“ ја понижија големата ѕвезда во тимот, Рабио порача: Ова беше непријатно за гледање

Дерби

12/04/2026

12:45

288

Големина на фонт

а а а

Третиот пораз на последните четири натпревари во Серија А го ставаат топ четири финишот под знак прашалник за Милан, особено ако Макс Алегри не успеа да пронајде решенија во најскоро можно време за мини-кризата која веќе е актуелна.

„Росонерите“ вчера се посрамотија на домашен терен и претрпеа убедлив пораз од Удинезе со резултат 0:3, а домашните навивачи не ја криеја фрустрацијата и незадоволството.

Разочарувањето беше огромно и цел тим добиваше свирежи по крајот на мечот, но за време на истиот, најдебелиот крај го извлече Рафа Леао.

Португалецот делуваше индолентно и упропасти неколку ветувачки акции на Милан, па покрај тоа што доби свирежи додека беше на теренот, ситуацијата посебно стана непријатна кога излезе од игра.

Леао доби жестоки свирежи и беше понижен од сопствените навивачи, а оваа сцена го растажи и Адриен Рабио кој смета дека ниту еден фудбалер не заслужува таков третман.

– Имавме многу лошо издание како тим, но најмногу ме разочараа свирежите за Леао. Мое мислење дека ние како целина треба да му помогнеме, треба да го поддржиме и да бидеме тука за него. Вакви работи нема да му помогнат, ние сме заедно во ова до крајот. Беше навистина грдо и непријатно да се гледа ова, – изјави Рабио.