[ВИДЕО] Бензинот поевтинува за 1,5 денар, дизелот за 2,5 денари, кажа Мицкоски и се извини што се обраќа во предвечерието на Велигден

Макфакс

11/04/2026

13:00

472

Големина на фонт

а а а

Владата очекува бензините да бидат поевтини за 1,5 денари, а дизелот за 2,5 денари, соопшти денес премиерот Христијан Мицкоски. Пред да ја каже новата цена на горивата, премиерот Мицкоски се извини што се обраќа на празник.

„Се извинувам за моето обраќање во предвечерието на големиот празник, но чувствувам обврска и одговорност да ја запознам јавноста, како Влада, дека континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи. Покрај анализите, се разбира, вклучени се и пресметките со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Согласно тие пресметки што ги направивме во текот на вчерашниот ден откога затворија берзите и откога ги анализиравме движењата на цените на нафтата и нафтените деривати на берзите изминатата недела направивме калкулација и пресметка и врз основа на таа калкулација и пресметка очекуваме на следната седница на Регулаторната комисија за енергетика да се донесе одлука со која ќе имаме намалување на цените на дизел горивото односно бензините и тоа евросуепрот од 9 октани и евросуперот 98 да бидат намалени за 1,5 денари, додека дизел горивото да биде намалено за 2,5 денари“, рече премиерот Мицкоски.

Пресметките покажале дека максималната цена на супер горивото од 95 октани треба да биде 82 денари за литар и тука не е вклучен оној попуст од два денари за литар што „Окта“ го одобрува на своите коминтенти, евросуперот од 98 октани би требало да изнесува 84 денари за литар и тука не се вклучени оние два денари попуст кој што го одобрува „Окта“ за своите партнери. Дизелот кој би требало да се намали за 2,5 денари, би требало да биде 95,5 денари за литар без трите денари што ги одобрува „Окта“

Премиерот Мицкоски кажа дека и следната недела остануваат досегашните мерки односно намалувањето на ДДВ од 18 на 10% и акцизи врз основа на движењето на берзите.