Кошаркарите на Денвер ја победија Оклахома со 127:107 во НБА лигата. Натпреварот во Колорадо го пропуштија неколкумина кошаркри на двата тима, меѓу кои и најдобрите Никола Јокиќ и Шеј Гилџес-Александер.
Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар, а го реши натпреварот во своја корист на почетокот од последната четвртина кога изгради двоцифрена предност и конечно оствари убедлива победа.
Денвер ја забележа својата 11-та последователна победа и е на третото место во Западната конференција на НБА лигата со 53 победи и 28 порази, а во следниот натпревар, последен во регуларниот дел од сезоната, ќе гостува во Сан Антонио. Со оваа победа Нагетс го обезбедија барем четврто место во Западната конференција.
Оклахома е лидер на Западот со резултат од 64-17, а во следниот натпревар ќе се сретнат со Феникс.
Најефикасен играч во тимот на Денвер беше Јонас Валанчиунас со 23 поени и 17 скока. Џулијан Стротер постигна 22 поени, додека Дејвид Роди постигна 21.
Бренден Карлсон се истакна со 23 поени за Оклахома, Џаред Мекејн и Кенрих Вилијамс постигнаа по 15 поени. Младиот српски кошаркар и Никола Топиќ запишаа дабл-дабл од 14 поени, 11 асистенции и два скока.
Сан Антонио Спарс ги победија Далас Маверикс со 139:120, благодарение на неверојатната партија на Виктор Вембањама. Спарс одамна ја обезбедија предноста на домашен терен и второто место во Западната конференција, но ништо не е решено во трката за индивидуални награди.
Вембањама е во трката за МВП наградата, но и за наградата за дефанзивец на годината. На Далас му „испорача“ дабл-дабл од 40 поени и 13 скока со 5 асистенции за само 26 минути на паркетот.
Дирон Фокс имаше 18 поени и 10 асистенции, а уште петмина кај Спарс постигнаа двоцифрен број на поени.
Купер Флег (Далас) беше одличен со 33 поени, 6 скока и 5 асистенции и веројатно ќе заврши пред Кон Кнупел во трката за дебитант на годината.
Макс Кристи постигна 16 поени, додека Крис Мидлтон имаше 14 поени и по 3 скока и асистенции.
Резултати:
Атланта – Кливленд 124:102
/Мекалум 29 – Харден 20/
Шарлот – Детроит 100:118
/Бол 27 – Дурен 20/
Вашингтон – Мајами 117:140
/Карингтон 30 – Фонтекио 24/
Бостон – Њу Орлеанс 144:118
/Хаузер 24 – Фирс 36/
Индијана – Филаделфија 94:105
/Вокер 17 – Макси 32/
Њујорк – Торонто 112:95
/Бренсон 29 – Мамукелашвили 37/
Чикаго – Орландо 103:127
/Џонс 23 – Вагнер 25/
Милвоки – Бруклин 125:108
/Грин 35 – Етјен 23/
Сан Антонио – Далас 139:120
/Вембањама 40 – Флег 33/
Хјустон – Минесота 132:136
/Томпсон 39 – Шенон 23/
Јута – Мемфис 147:101
/Хинсон 30 – Вајтхед 21/
Портланд – ЛА Клиперс 116:97
/Авдија 35 – Ленард 24/
Сакраменто – Голден Стејт 124:118
/Картер 29 – Подземски 30/
ЛА Лејкерс – Феникс 101:73
/Џејмс 28 – Брукс 12/












