Сообраќајка во Пехчево, тешко повреден 31-годишник

Макфакс

10/04/2026

15:17

188

Големина на фонт

а а а

Вчера во 13:30 часот во Полициската канцеларија Пехчево е пријавено дека на улицата „Бел камен“ во Пехчево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „лада нива“ со пехчевски регистарски ознаки, управувано од М.А.(31) од Пехчево и патничко возило „газ“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната М.А.Ј. од Пехчево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.А., констатирани во Клиничка болница Штип.

Додека, со телесни повреди се здобила 68-годишна сопатничка Т.А. од возилото „газ“, констатирани во Општа болница Кочани.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Берово.