СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.С. од село Владевци, општина Василево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 06.04.2026 во село Владевци, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Струмица забележале патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а со оглед на тоа што претходно била издадена судска наредба за претрес на неговиот дом, полициските службеници му пристапиле и во моментот на лишување од слобода тој фрлил три пакувања со марихуана, кои се пронајдени и одземени.
Постапувајќи по судската наредба, полициски службеници извршиле и претрес во неговиот дом каде се пронајдени 24 пакувања со марихуана, 13 пакувања со кокаин и две дигитални ваги.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и во службен разговор изјавил дека дрогата му била подготвена за продажба. Д.С. е изведен пред судија од Основен суд Струмица кој му определил мерка притвор.








