Нападите на Блискиот Исток продолжуваат и покрај објавата на Трамп

Макфакс

08/04/2026

06:49

113

Големина на фонт

а а а

И покрај фактот дека САД ги суспендираа нападите врз Иран и се согласија на преговори, тензиите на Блискиот Исток не се смирени и нападите продолжуваат. Сирени се огласија во Саудиска Арабија, Бахреин и Кувајт поради ракетни напади, објавува АФП.

Израелски извори предупредија дека Иран испукал ракети најмалку двапати по изјавата на американскиот претседател Трамп. Во исто време, дописниците на АФП известуваат за експлозии што се слушнале во Ерусалим и Ерихон на окупираниот Западен Брег.