Фицо: Русија профитира од намерните штетни акции на Украина

Макфакс

07/04/2026

13:46

164

Големина на фонт

а а а

Словачкиот премиер Роберт Фицо денес изјави дека Словачка ќе се соочи со „исклучително сериозни меѓународни предизвици“ во наредниот период и дека Русија во моментов најмногу профитира од „намерно штетните украински дејствија и бесмислената војна на САД и Израел против Иран“ преку зголемувањето на цените на енергијата.

Во видео порака на социјалните мрежи, Фицо оцени дека САД ја губат контролата врз војната во Иран, додека ситуацијата со нафтата и гасот дополнително се влошува, пренесува Таср.

„Словачката влада, во соработка со рафинеријата „Словнафт“, прави сè за да се осигура дека, и покрај зголемувањето на цените на горивата, Словачка ги одржува цените ниски.

Заедно со Унгарија и други земји, се бориме гасоводот „Дружба“ повторно да проработи и да и ги отворат очите на Европската комисија, која ги руши светските рекорди во некомпетентност и идеолошко слепило“, рече Фицо, пренесува Танјуг.

„Ова се добри можности за развивање идеи за тоа како да се зајакне мировниот процес во овие тешки воени времиња“, рече Фицо.