[ВИДЕО] Трамп: Би ја земал нафтата, но за жал, Американците сакаат да си одиме дома

Макфакс

07/04/2026

08:43

276

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ако зависеше од него, САД ќе ја земеа иранската нафта во екот на петнеделна војна.

„Ја распарчуваме таа земја. И мразам да го правам тоа, но ја распарчуваме, а тие едноставно не сакаат да кажат „доста е“. Не сакаат да признаат пораз, но ќе го сторат тоа. Ако не го сторат тоа, нема да имаат мостови, нема да имаат електрани, нема да имаат ништо“, рече Трамп.

„За жал, американскиот народ сака да си одиме дома“.

Тој додаде дека постојат полоши опции од нападот врз инфраструктурата.

„Нема да одам понатаму бидејќи има полоши работи од тоа. И ако ме прашате што би направил – би ја земал нафтата. Таа е таму, само треба да се земе. Нема ништо што можам да направам во врска со тоа. За жал, американскиот народ сака да си одиме дома. Ако зависеше од мене, би ја земал нафтата, би ја задржал и би заработил многу пари“, рече тој.