Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа ф-150мм на улицата Божидар Рајковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Божидар Рајковиќ и дел од Горно Лисиче, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
· поради уличен дефект на водоводна цевка Ф200мм. на улица Партеније Зографски 49 со прекинато водоснабдување ќе бидатдел од корисниците на улицата Партеније Зографски, општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.








