Таткото на Маск: Епстин не е мртов, нема сомнение за тоа

Макфакс

06/04/2026

08:34

382

Големина на фонт

а а а

Ерол Маск, таткото на американскиот претприемач Илон Маск, изјави дека верува оти американскиот финансиер и осуден сексуален престапник Џефри Епстин е сè уште жив.

„Тој дефинитивно е жив. Епстин не е мртов. Нема сомнение за тоа. Мислам, нема шанси да е мртов, дури ни блиску“, рече Ерол Маск во интервју за РИА Новости.

Тој ја доведе во прашање официјалната верзија за смртта на Епстин, посочувајќи ги околностите на откривањето на неговото тело.

Според Маск, безбедносните камери биле исклучени, а затворските чувари спиеле во времето на инцидентот.

Според Министерството за правда на САД, недостасуваат 62 секунди снимка од надзорната камера во затворот каде што бил притворен Епстин – од 23:58:58 до 00:00 часот, што се припишува на дневното автоматско ресетирање на стариот систем за видео снимање.

Во 2019 година, Епстин беше обвинет во Соединетите Американски Држави за трговија со малолетници со цел сексуална експлоатација и заговор за учество во такви активности, а почина на крајот на јули истата година.

По истрагата, американските власти заклучија дека Епстин извршил самоубиство, пренесува Танјуг.