Јужнокорејскиот министер за финансии, Ку Јун-чеол, се сретна со амбасадорите на земјите од Персискиот Залив за да обезбеди континуирано снабдување со нафта и безбедност за корејските бродови во близина на Ормушкиот Теснец, соопшти министерството. Овој потег доаѓа во време кога ескалацијата на војната со Иран сериозно го нарушува поморскиот сообраќај.
За време на средбата, министерот побарал од амбасадорите на Советот за соработка во Заливот непречена испорака на нафта, течен природен гас и други клучни ресурси. Покрај енергетската стабилност, клучна тема била и заштитата на корејските бродови и нивните екипажи кои пловат во близина на виталниот теснец, кој е под постојана закана поради конфликтот.
Јужна Кореја меѓу приоритетните земји
Амбасадорите на земјите од Заливот ја рангираа Јужна Кореја меѓу приоритетните држави и ветиле дека ќе направат сè за да осигураат стабилно снабдување. Како и многу други азиски држави, Јужна Кореја силно зависи од увозот на енергенти, што ја прави особено ранлива на глобалните потреси.
Кризата во Ормутскиот теснец
Пред почетокот на нападите врз Иран на 28 февруари, една петтина од светската нафта се извезуваше токму преку Ормутскиот теснец. Оттогаш, Иран го затвори овој пловен пат, што доведе до драстичен скок на цените и страв од глобална рецесија. Советот со кој се водеа преговорите го сочинуваат шест држави: Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Кувајт, Оман и Бахреин.








