Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека американската војска спровела „една од најсмелите операции за пребарување и спасување во историјата“ и го извлекла вториот член на екипажот на соборениот борбен авион Ф-15 од Иран.
„Го фативме! Овој храбар офицер, високо почитуван полковник, сега е безбеден“, рече Трамп на Tрут Соушал, додавајќи дека пилотот бил длабоко зад непријателските линии во планините на Иран додека го барале непријателските сили.
Трамп тврди дека операцијата е спроведена по негова наредба со учество на десетици авиони вооружени со „најмоќното оружје во светот“ и дека пилотот е повреден, но надвор од животна опасност. Според него, ова е втора успешна спасувачка операција за два дена. Првиот пилот од истиот соборен авион беше спасен порано, но ова не беше објавено за да не се загрози друга операција.
„За прв пат во воената историја, двајца американски пилоти беа спасени одделно, длабоко на непријателска територија“, напиша Трамп.
Тој исто така додаде дека „ниту еден американски војник не е убиен во двете операции“, што, како што тврди, е доказ за „целосната воздушна супериорност на САД над Иран“.
Авионот Ф-15Е Страјк Игл беше соборен во петокот над јужниот дел на Иран. Иако за време на спасувањето во екстремно опасни услови имаше извештаи за напади врз американските хеликоптери, претседателот потврди дека во двете мисии не загинал ниту еден американски војник. Тој го искористи овој настан за да ја нагласи целосната воздушна надмоќ на САД над Иран во шестата недела од тековниот воен конфликт.
— Rapid Response 47 (@RapidResponse47) April 5, 2026








