Во раните вечерни часови на 2 април, 31-годишна жена пријавила во СВР Скопје дека во нивниот дом на подрачјето на Бит Пазар била изложена на насилство од сопругот.
Според нејзината пријава, тој најпрво ја заклучил во тоалетот, а по извесно време и физички ја нападнал, по што ја избркал од домот.
Таа навела дека во еден момент и нивните четири малолетни деца биле заклучени во тоалетот.
Жената изјавила дека и претходно била физички и психички малтретирана од сопругот, но не го пријавувала случајот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








