Уапсена жена од село Скудриње, барана со потерница за затворска казна од пет години и шест месеци

Макфакс

03/04/2026

11:02

181

Големина на фонт

а а а

Вчера во 09:00 часот, во село Скудриње, општина Маврово и Ростуше, полициски службеници од ПО Ростуше ја лишија од слобода, 45-годишната А.А. од село Скудриње, врз основа на потерница по судска наредба за издржување казна затвор во траење од пет години и шест месеци, за сторено кривично дело по член 190 и член 45 од Кривичниот законик.

Таа е спроведена во казнено- поправна установа за издржување на казната.