Јужнокорејскиот претседател Ли Џе Мјунг денес изјави дека е постигнат договор со францускиот претседател Емануел Макрон за заедничка работа за обезбедување безбеден премин низ Ормускиот теснец и намалување на влијанието на војната на Блискиот Исток.
За време на самитот во Сеул, Ли изрази загриженост поради неизвесноста во глобалните синџири за снабдување со енергија и нагласи дека двете земји ќе ги координираат економските и енергетските политики, објави Џонхап.
„Претседателот Макрон и јас се согласивме да работиме заедно за да ја намалиме неизвесноста во глобалната економија“, рече Ли.








