Калас: ЕУ треба да ја зајакне поморската мисија за Ормускиот теснец

Макфакс

03/04/2026

08:26

109

Големина на фонт

а а а

Европската Унија треба да ја зајакне својата поморска мисија „Аспидес“ со цел да ги заштити клучните трговски патишта, поради прекините предизвикани од војната предводена од Соединетите Американски Држави и Израел против Иран, изјави високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.

По разговорите со претставници на повеќе од 40 земји за повторното отворање на Ормускиот теснец, кое го организираше британската министерка за надворешни работи Ивет Купер, таа рече дека водниот пат има глобално значење, објави Ројтерс.

„Ормускиот теснец е глобално јавно добро. На Иран не смее да му се дозволи да наплаќа за премин на бродови, бидејќи меѓународното право не ги признава таквите практики“, рече Калас во објава на социјалната мрежа Икс.

Според неа, биле разгледани дипломатски, економски и безбедносни мерки за да се обезбеди безбедна пловидба, заедно со соработка со бродските компании.

Таа истакна дека поморската мисија на ЕУ „Аспидес“ веќе им помогнала на околу 1.700 бродови во Црвеното Море, но дека нејзиното дополнително зајакнување е потребно за да се спречи губењето на уште еден клучен трговски пат.