САД: Американци, веднаш напуштете го Ирак

Макфакс

02/04/2026

08:51

206

Големина на фонт

а а а

Американската амбасада во Ирак ги повика американските граѓани да ја напуштат земјата поради закана од напади во Багдад. Во предупредувањето се вели дека „милиции поврзани со Иран“ би можеле да извршат напади во центарот на градот во рок од 24 до 48 часа.

Целите би можеле да вклучуваат американски граѓани, бизниси, универзитети, дипломатски мисии, енергетска инфраструктура, хотели и аеродроми, како и ирачки институции и цивилни цели.

Амбасадата додаде дека редовните конзуларни услуги се суспендирани и ги повика американските граѓани „веднаш да го напуштат Ирак“.