Франција и Италија ѝ се придружија на Шпанија во забраната за користење на нивната инфраструктура за американско-израелски воени операции, изјавија извори за Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги критикуваше европските сојузници поради одбивањето да учествуваат во војната што САД ја водат со Израел против Иран. Одлуката на Франција и Италија доаѓа во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и европските престолнини.
Трамп претходно ги нарече НАТО сојузниците „кукавици“, а во нова објава порача: „Франција не дозволи прелет на авиони со воени залихи кон Израел… САД ќе го запаметат ова!!!“
Во меѓувреме, Полска одби да ги испрати своите системи „Патриот“ на Блискиот Исток. Министерот за одбрана Владислав Косинијак-Камиш изјави дека тие остануваат за заштита на полскиот воздушен простор и источниот крило на НАТО.
Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните критичари на операцијата, оценувајќи ја како кршење на меѓународното право и одбивајќи да дозволи користење на американски бази и воздушен простор.
Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека Италија „не е во војна и не сака да оди во војна“, додека според Ројтерс, Италија неодамна одбила да дозволи слетување на американски воен авион во база на Сицилија.








