Приведен 22-годишен тетовец за издржување едногодишна затворска казна

Макфакс

31/03/2026

10:06

148

Големина на фонт

а а а

Вчера во 11:25 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода лицето 22-годишниот А.А. од село Лисец, тетовско.

Тој бил по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело по член 216 од Кривичниот законик.

Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.